Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Vreme.png

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец кој наместа во западните делови ќе надминува брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 19 степени.


Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за повремени слаби врнежи од дожд во југозападните делови. Од понеделник следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Од вторник ветерот ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Можете да прочитате

Левица: Илинден и АСНОМ носат иста визија – револуционерната искра не смее да згасне

Четиригодишно девојче од Берово голтнало капсула за перење алишта

Полицаец пукал во кафеана од службениот пиштол