Утрински Весник
Македонија

Шок во Богданци: Син убил мајка во стан по семејна расправија

615210718 1182272267416632 1162493141340058474 n.jpg

На 12 јануари 2026 година, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишиле од слобода П.С. (39) од Богданци поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Инцидентот се случил претходниот ден, на 11 јануари околу 21:00 часот, во стан каде престојувале П.С. и неговата мајка М.С. (58). Според полициските информации, дошло до расправија која преминала во физичка пресметка. П.С. употребил остри предмети и нанел убодни рани на мајката во пределот на главата.

Од здобиените повреди, М.С. починала, а смртта била констатирана и од лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.

На 12 јануари, околу 07:05 часот, П.С. сам се пријавил во Полициската канцеларија во Богданци. На местото на настанот бил извршен увид од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија.

Телото на починатата, по наредба на обвинител, е предадено на обдукција. Против П.С. во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Можете да прочитате

Законите треба да ја следат реалноста, не да ја диктираат

Тетовец со уцени и закани барал 20.000 евра од жена

Детали за тешката сообраќајка во Ѓорче Петров