Утрински Весник
Свет

Шишињата со неодделиви капачиња од јули стануваат задолжителни низ ЕУ

959044ff3e5844339c0aba3199c9a1de.jpg

До јули оваа година, сите земји од Европската унија мора да ги укинат отстранливите капачиња на пластичните шишиња до три литри и да ги заменат со неотстранливи, што е дел од директивата на ЕУ објавена во 2018 година,

Иако луѓето се жалат дека ваквите капачиња им пречат кога се обидуваат да пијат од шишето и им го отежнуваат истурањето пијалоци во чаши и го нарекуваат „најлоши изум на 21 век“, новата директива има за цел да го намали количеството пластичен отпад.

Имено, капачињата од пластичните шишиња досега беа одвоени и често завршува на несоодветни места во околината, без да се рециклираат, а истражувањата проценуваат дека производството и согорувањето на пластика испуштиле повеќе од 850 милиони тони стакленички гасови во атмосферата во 2019 година.

ЕУ сега сака барем малку да го ублажи ова со воведување на неотстранливи капачиња на пластични шишиња. А новите капачиња за шишиња се само една од низата мерки што ЕУ планира да ги спроведе.

До 2030 година, Европскиот парламент сака да воведе само обновливи пакувања со цел да се намали количината на отпад во Европа за најмалку 15 отсто до 2040 година, а прво сакаат да променат некои ситници кои предизвикуваат акумулација на неколку тони отпад годишно.

На пример, сите оние мини-пакети шеќер, зачини, кечап или путер што ги добиваме во хотелите од 2030 година повеќе нема да бидат дозволени доколку не се направени од чиста хартија. Тие планираат да воведат промени и во продавниците – овошјето и зеленчукот со тежина помала од 1,5 килограми повеќе нема да смеат да се пакуваат во пластична амбалажа, а пластичните кеси за овошје и зеленчук во продавниците ќе станат минато.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена