Утрински Весник
Македонија

Најмалку четворица заинтересирани, кој ќе го презеде кормилото во СДСМ?

D181d0b4d181d0bc D0bfd0bed182d0bed0bfd0b5d0bdd0b8 D181d0b5 D0bbd0b0d0b3d0b8d182d0b5 D0bdd0b0 D0bcd0b8d186d0bad0bed181d0bad0b8 D0bdd0b5 63cd8b4d5127e.jpeg

СДСМ по изборниот пораз и по оставката на досегашниот претседател Димитар Ковачевски на внатрепартиски избори ќе го бира својот следен лидер.

Според најавите изборите во СДСМ (трети по ред) ќе треба да се одржат кон крајот на јуни.

Денес, на еден месец од претпоставениот датум за избори веќе се кристализираат неколку имиња кои ќе ја побараат довербата од своите сопартијци за да застанат на чело на најголемата опозициска партија.

Меѓу нив е и доскорешната министерка за одбрана Славјанка Петровска и актуелна претседавачка на Централниот одбор на СДСМ.

Петровска синоќа и официјално потврди дека ќе се кандидира за лидер на партијата. Таа пред да стане министерка, беше дел од пратеничката група на СДСМ а во 2020 година беше и дополнителна заменичка министерка во МВР.

Потпретседателот на СДСМ во оставка Стефан Богоев се вбројува меѓу кандидатите за претседател на партијата, откако јавно кажа се чувствува способен да ја води СДСМ, иако до овој момент се уште нема јавно кажано дека ќе поднесе кандидатура.

Богоев партиската кариера ја започна во младината на СДСМ каде долги години беше нејзин претседател. По краткиот пратенички мандат, во 2017 година стана градоначалник на општина Карпош, а откако мандатот му заврши и не се кандидираше за втор, тој извесен период го водеше Аналитичкиот центар во СДСМ, а од средината на 2023 година стана прв човек на македонската царина.

Меѓу оние кои со сигурност би се вклучиле во трката за кормилото на СДСМ е и Јован Деспотовски, особено ако се земе предвид неговото зачестено појавување на медиуми каде говори за состојбите внатре во партијата.

Депосотовки кој е директор во заминување на ТИРЗ учествуваше и на вторите избори во СДСМ каде освои симболичен борј на гласови, далеку помалку од Ковачевски, но сепак повеќе од третиот тогашен кандидат, Фросина Ременски.

Четврото име кое се гледа како иден претседател на СДСМ е доктор Венко Филипче, екс министер за здравство и екс потпретседател на партијата.

За разлика од првите тројца, Филипче сега за сега не се експонира медиумски, но извори од СДСМ се убедени дека и тој ќе поднесе кандидатура за претседател на партијата.

Сепак списокот најверојатно не би се затворил само со овие четири имиња. Како што брифираат од Бихаќка, постојат уште неколку лица кои се уште калкулираат дали би поднеле своја кандидатура и за очекување е тоа да се случи во периодот предвиден за поднесување кандидатури.

Изборите ќе бидат согласно Статутот на партијата

Вечерва Централниот одбор на партијата на седница треба да ги усвои роковниците и правилниците за одржувањето на внатрепартиските избори.

Согласно Статутот на партијата, ќе има доволно време да се направи регистрација на членовите кои сакаат, да се депонираат кандидатурите проследени со Програма за работа и да се истера соодветна вантрепартиска и медиумска кампања.

Сето тоа треба да се спроведе во рок од еден месец, за изборите да бидат одржани на 30 јуни како што беше најавено.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница