Утрински Весник
Магазин

Шер има нова љубов, 42 години помлад од неа

Шер има нова љубов, 42 години помлад од неа

Шер и Александар Едвардс дополнително ги поттикнаа шпекулациите за романса кога беа забележани како влегуваат во нејзината палата на Малибу рака под рака доцна ноќе.

dobivaj vesti na viber

Претходно, беа на интимна вечера во Западен Холивуд.

Божицата на попот (78) и музичкиот продуцент (36) беа фотографирани како седат еден до друг во задниот дел на црн „кадилак“, кој ги донесе до приватниот влез.

Двете ѕвезди претходно свратија во ресторанот „Крегс“ во Западен Холивуд. Подоцна им се придружи пријател на Александар, раперот Тајга.

Шер и Александар се држат за раце со заплеткани прсти пред нејзиниот дом во Малибу. Таа минатиот месец ја огласи куќата за продажба за неверојатни 85 милиони долари.

Александар, поранешно момче на Амбер Роуз, не е омилен во Холивуд бидејќи важи за сериски прељубник, пишуваат таблоидите.

Можете да прочитате

Дињата е одлична за регулација на притисокот

Street View се враќа во Македонија со обемно обновување на снимките низ земјата

Што всушност значи „да чукнам во дрво“?