Утрински Весник
Свет

Шефот на Хезболах ги отфрла планираните разговори меѓу Израел и Либан

20260414102138 big 730x400 89.webp.webp

Генералниот секретар на либанската милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, синоќа изјави дека групата апсолутно ги отфрла мировните преговори меѓу Израел и Либан, кои треба да се одржат денеска во Вашингтон.

Касем ги повика либанскиот претседател Џозеф Аун и премиерот Наваф Салам да ги напуштат разговорите, кои ќе бидат посредувани од САД, тврдејќи дека израелските напади врз Либан продолжиле со поддршка на САД, објави Скај њуз.


Тој, исто така, нагласи дека Хезболах верува дека вистинската цел на Израел е да го анектира Либан како дел од проектот „Голем Израел“, политичка и религиозна идеологија која го гледа поголемиот дел од Блискиот Исток како дел од државата Израел.

Во меѓувреме, друг висок функционер на политичкиот совет на Хезболах, Вафик Сафа, рече дека групата нема да прифати никакви договори што би можеле да произлезат од директните разговори меѓу Либан и Израел во САД, на што Хезболах остро се спротивставува.

„Што се однесува до исходот од разговорите меѓу Либан и израелскиот непријател, тој не нè интересира и воопшто не нè засега“, рече Сафа.

Ова ќе биде прв пат по децении претставници од Либан и Израел, кои немаат дипломатски односи, да се сретнат лице в лице за директни разговори.

Можете да прочитате

Аларм во Јадранското Море: Уловена смртоносна риба!

Аларм во Јадранското Море: Уловена смртоносна риба!

Идентификуван напаѓачот од училиштето во Турција