Утрински Весник
Македонија

Шефот на дипломатијата на Казахстан во официјална посета на земјава

Шефот на дипломатијата на Казахстан во официјална посета на земјава

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе му биде домаќин на потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Казахстан, Мухтар Тлеуберди, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.

dobivaj vesti na viber

Во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи, особено мултилатералната соработка на двете држави, со посебен акцент во Организацијата за безбедност и соработка на Европа, со која Северна Македонија ќе претседава по две месеци. Ќе се разменат мислења и за други актуелни прашања во надворешната политика, информираат од МНР.

Во рамки на неговиот престој во Скопје, Тлеуберди се очекува да се сретне и со Претседателот Стево Пендаровски како и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Можете да прочитате

Демир Капија ја забрани водата за пиење и готвење

Втора жртва од Западен Нил: 24 пациенти на Инфективна, петмина на механичка вентилација

(Видео) МВР во голема акција со Косово и Грција: Запленети 300 килограми марихуана