Утрински Весник
Свет

Шефицата на ЕК: Зголемените цени на енергијата ги открија лимитите на пазарот

Шефицата на ЕК: Зголемените цени на енергијата ги открија лимитите на пазарот

Зголемените цени на енергијата ги изложија границите на структурата на европскиот пазар на електрична енергија, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објавувајќи план за структурна реформа на тој пазар.

dobivaj vesti na viber

„Пазарот беше развиен во сосема различни околности“, рече Фон дер Лејен во говорот на Стратешкиот форум во Блед.

„Затоа ние, Комисијата, сега работиме на итна интервенција и структурна реформа на пазарот на електрична енергија“, рече таа, без да навлегува во детали за промените што се разгледуваат.

Европската Унија се соочува со сè повисоки цени на енергијата во последните шест месеци поради руската инвазија на Украина. Вонреден состанок на европските министри за енергетика по овој повод е планиран за 9 септември.

Можете да прочитате

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО ИСТАНБУЛ: Морето се спои со копното, автомобили потонаа под вода

Вработен во „ОпенАИ“ уапсен поради уред за прислушување во конференциска сала

На протестите во Франција учествувале околу 480 илјади луѓе