Утрински Весник
Спорт

Шчесни: Се обложив со Меси во 100 евра дека нема пенал, но…

Шчесни: Се обложив со Меси во 100 евра дека нема пенал, но…
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полскиот голман Војчех Шчесни стана херој за својата репрезентација со одбранетиот пенал против Аргентина. Голманот го одбрани ударот од 11 метри на Лионел Меси и му помогна на неговиот тим да го задржи резултатот на паузата.

dobivaj vesti na viber

Полјаците потоа загубија со 0:2, но овој резултат беше доволен за да се квалификуваат во осминафиналето на Светското првенство во 2022 година.

„Мојот разговор со Меси? Му реков да се обложиме во 100 евра дека судијата нема да досуди пенал. Реално, го изгубив облогот. Не знам дали тоа е дозволено, можеби ќе ме казнат. Не планирам да му ги дадам парите на Меси, затоа што има повеќе од доволно“, изјави Шчесни за полските медиуми.

Самиот пенал беше крајно контроверзен. Шчесни потврди дека имало контакт меѓу него и Меси, но тој бил премногу минимален и не очекувал судијата Дени Макели да досуди пенал. На крајот, полскиот голман успеа да го скроти ударот на Меси од белата точка.

Можете да прочитате

И покрај поразот во Ларнака, Шкендија продолжува во Европа

Лазаров го објави списокот за Европското првенство

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА