Утрински Весник
Македонија

Шаќири: Надминување на јазичната бариера е прв чекор за зближување на различните народи и етнички заедници

Шаќири: Надминување на јазичната бариера е прв чекор за зближување на различните народи и етнички заедници

Да се познаваат јазиците на другите нации и народи е доблест затоа што овозможува доближување до нивната култура и полесно комуницирање и разбирање со повеќе луѓе, но и предност затоа што во време на интернационализација и изразена мобилност на човечки капитал, јазичните вештини, покрај компјутерските, се најважните што обезбедуваат полесен пристап до високоценети и платени работни места. Затоа, пораката што ја испраќаме денес, но и секој друг ден, се промовира и шири преку образовните установи, е луѓето, особено младите, да посветат време на изучување јазици, истакна министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, на денешната панел-дискусија во организација на Делегацијата на Европската Унија по повод 26 Септември – Европскиот ден на јазиците, на која учествуваше заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорката на Швајцарската конфедерација, Вероник Улман Марти, и директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села.

dobivaj vesti na viber

„Светските јазици се важни, тоа е неоспорно. Но, за нас како мултиетничка земја, особено важно е изучувањето и на јазиците на различните етнички заедници. Тоа носи лични придобивки, но носи и сплотеност, создава единство, хармонија и ја јакне државата. Ова е една од целите на кои сме посветени како Влада. Приближувањето на луѓето едни кон други почнува со надминување на јазичната бариера, односно со совладување на јазиците на кои тие говорат“, рече Шаќири посочувајќи дека токму поради тоа институциите инсистираат на создавање мултиетнички училишни средини, се воведуваат предмети за изучување на јазиците на другите заедници и слично, а поддршката доаѓа и од граѓанскиот сектор, но и од меѓународните фактори и партнери.

Министерот изрази уверувања дека Северна Македонија како членка на Советот на Европа, на чија иницијатива повеќе од 20 години се чествува 26 Септември, ќе продолжи и во иднина да го одбележува Европскиот ден на јазиците, но и, како што рече, ќе ги надградува сите досегашни активности, кои се дел од вредностите за кои се залага, а меѓу кои и учењето јазици.

Можете да прочитате

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Митрески: Продолжуваме со континуиран раст на платите, просечна плата 1.100 евра, минимална плата од 600 евра

Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј