Утрински Весник
Македонија

Утре променливо облачно со локален дожд и грмежи

Утре променливо облачно со локален дожд и грмежи

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 24 степени.

Од среда ќе има повеќе сончеви периоди, ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а дневната температура ќе биде во пораст. Во четврток и во сабота попладне се очекуваат локални врнежи од дожд.

Можете да прочитате

Запалени две возила во сопственост на адвокатот Асмир Алиспахиќ

Трансплантацијата спасува животи: Панел во Гостивар за унапредување на органодарителството

Наизменичен сообраќај на патот Прилеп–Градско по претходниот прекин