Утрински Весник
Магазин

Сезоната на виенски балови, конечно, во полн ек

Сезоната на виенски балови, конечно, во полн ек

Откако пандемијата ги стопираше традиционалните балови во Виена две години по ред, многумина едвај дочекаа да се препуштат на валцерите во блескавите сали со раскошни цветни украси.

dobivaj vesti na viber

Градот Виена загуби околу 300 милиони евра приход затоа што беа пропуштени две сезони на познатите балови поради ковид, но оваа година сè се врати на своето место. Згора на тоа, матурската сезона може да биде една од најуспешните досега.

Директорот на одделот за туризам на Стопанската комора на Виена, Маркус Грислер, очекува градот оваа сезона да заработи 170 милиони евра.

„Секој трет Виенец на возраст над 15 години планира да оди барем на еден од баловите“, рече Грислер, споредувајќи ги податоците со претпандемиската 2019 година, кога секој четврти жител на австриската престолнина планирал да оди на бал. Тој очекува дека до крајот на сезоната ќе бидат продадени 550.000 влезници.

Секој учесник троши во просек по 320 евра за бал, а секој десетти доаѓа од странство.

Можете да прочитате

Еве кои хороскопски знаци ќе добијат пари оваа година

Утрински Весник

Само едно седиште во авионите е посебно, има и зошто тоа е така

Трет Toп Ган: Том Круз повторно ќе го глуми Маверик