Утрински Весник
Спорт

Севилја го отпушти Сампаоли

Севилја го отпушти Сампаоли
300x250 (7)

Раководството на Севилја му врачи отказ на аргентинскиот стручњак Хорхе Сампаоли по серијата лоши резултати во Примера.

dobivaj vesti na viber

Сампаоли го презеде клубот во октомври минатата година, а по само шест месеци доби отказ. Севилја загуби четири од последните седум првенствени натпревари, вклучувајќи го и катастрофалниот пораз од Атлетико Мадрид со 6:1, и моментално е само два бода над зоната за испаѓање.

Ss1

„По поразот од Хетафе, клубот одлучи да се раздели со аргентинскиот тренер пред репрезентативната пауза“, се вели во соопштението на Севилја и се додава дека клубот наскоро ќе добие нов тренер.

Ова е негово второ заминување од Севилја, откако беше тренер на клубот од Андалузија во сезоната 2016/17. Тогаш „Рамон Санчез Писхуан“ го напушти за да ја преземе репрезентацијата на Аргентина.

Севилја моментално е на 14. место во Примера со 28 бодови.

Единственото натпреварување во кое Севилја игра добро оваа сезона е Лигата на Европа каде во четвртфиналето ќе се соочи со Манчестер Јунајтед.

Ss1

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Сакам да учествувам и на ОИ во 2028 година

Интер слави скудето на „Сан Сиро“

Ѓоковиќ по петти пат е најдобар спортист во светот