Утрински Весник
Свет

Северна Кореја се закани со „силен одговор“ и истрела проектили

Северна Кореја истрела денеска една балистичка ракета со краток дострел и друга балистичка ракета со непознат дострел, соопшти јужнокорејската армија.

Првата балистичка ракета со краток дострел беше истрелана кон североисток околу 5:05 часот по Сеул време од близина на Чангјон, во јужната севернокорејска провинција Хвангхае. Уште една неидентификувана балистичка ракета е откриена околу 5:15 часот, изјави началникот на Генералштабот на Јужна Кореја.

Војската на Јужна Кореја е целосно подготвена и тесно споделува информации со американските и јапонските власти додека го засилува надзорот и будноста како подготовка за какви било натамошни лансирања, се вели во соопштението на највисоките воени претставници.

Вчера, Северна Кореја ја критикуваше заедничката воена вежба меѓу Јужна Кореја, Јапонија и Соединетите Држави одржана минатиот месец и предупреди на „силен одговор“ против таквите вежби.

Северна Кореја минатата недела соопшти дека успешно извршила важен тест со цел да развие ракета што носи повеќе боеви глави, тврдење кое Јужна Кореја го отфрли како „измама“ за да се прикрие неуспешното лансирање.

Можете да прочитате

Тело на новороденче пронајдено во канта за ѓубре, уапсени маж и жена во Лондон

Трагедија во Швајцарија: Три лица настрадаа кога се урна скеле на зграда висока 60 метри

Во близина на Москва се урна патнички авион, загинаа три лица