Утрински Весник
Свет

Сестрата на Ким Џонг Ун: Договорот за воена соработка меѓу САД и Јужна Кореја го загрозува мирот

Сестрата на Ким Џонг Ун: Договорот за воена соработка меѓу САД и Јужна Кореја го загрозува мирот

Ким Јо Џонг сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, предупреди дека договорот меѓу САД и Јужна Кореја за намалување на нуклеарната закана од Пјонгјанг може само да доведе до „посериозна опасност“.

dobivaj vesti na viber

Северна Кореја е убедена во потребата од „понатамошно подобрување“ на својата нуклеарна програма, одговори Ким Јо Јонг, чија изјава денеска ја пренесе севернокорејската државна новинска агенција KCNA.

„Колку повеќе непријателите инсистираат на одржување нуклеарни вежби, толку повеќе распоредуваат нуклеарно оружје во близина на Корејскиот полуостров, а остварувањето на нашето право на самоодбрана ќе биде во директна пропорција“, рече Ким Јо Џонг.

 

Можете да прочитате

Драма во Ормутскиот Теснец: Двајца Хрвати заробени по иранската заплена на бродот „MSC Francesca“

Руската нафта повторно тече кон Словачка и Унгарија: Фицо смета дека нафтоводот „Дружба“ воопшто не бил оштетен

Принцот Хари порача на Путин да ја запре војната – 24info.mk