Утрински Весник
Свет

Серискиот убиец од Босна се самоуби пред очите на полицијата

Серискиот убиец од Босна се самоуби пред очите на полицијата

Серискиот убиец Нермин Сулејмановиќ, кој денеска уби најмалку три лица во Градачац, БиХ, се самоубил пред очите на полицијата, потврдија тамошните власти.

dobivaj vesti na viber

Сулејмановиќ прво ја убил сопругата, а злосторството го пренесувал во живо на Инстаграм.

Тој не застанал тука и продолжил со убиства. Како што потврдија за Klix.ba од Обвинителството на кантонот Тузла, најмалку три лица се убиени. Исто така, има и неколку ранети.

Потоа се вратил на Инстаграм во живо, од непозната локација. Таму зборувал за тоа како ги извршил убиствата. Тој потврди дека убил уште две лица покрај партнерката. Рече дека убил полицаец, а дека бебето е добро и дека ќе живее без двајцата родители. Најави дека ќе убие уште некој.

Покрената била голема полициска акција, по што тој се самоубил пред очите на полицијата.

Порталот „Дневни аваз“ објави дека убиецот е бодибилдер и фитнес инструктор кој е поврзан со криминална група која се занимава со шверц на дрога.

Можете да прочитате

Првата пратка помош до пловечкото пристаниште во близина на Газа го напушти Кипар

Руте: Демонстрантите на Универзитетот во Амстердам ја преминуваат границата на дозволеното

Кина повеќе не е главен трговски партнер на Германија, ја претекнаа САД