Утрински Весник
Спорт

Драмата продолжува: Каиседо го одбил Ливерпул, сака трансфер во Челси

Драмата продолжува: Каиседо го одбил Ливерпул, сака трансфер во Челси

Сагата на Моизес Каиседо продолжува и покрај тоа што Брајтон ја прифати понудата на Ливерпул од 110 милиони фунти. Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, на денешната прес-конференција дури и потврди дека двата клуба се договориле за сумата за трансфер.

dobivaj vesti na viber

Сепак, трансферот е далеку од завршен. Според последните информации, Каиседо одбил да се пресели во Ливерпул, тврди „Скај Спортс“.

Играчот и неговите претставници се во Лондон и чекаат клубот од „Стемфорд Бриџ“ да упати нова понуда до Брајтон.

Од Челзи го сакаат токму тоа – играчот да ја изрази желбата да се пресели кај „сините“ и да му ја соопшти на Брајтон.

„Галебите“ сакаат брз развој на трансферот и откако ја прифатија понудата на Ливерпул најавија дека повеќе нема да учествуваат во преговорите.

Ливерпул очекуваше репрезентативецот на Еквадор денеска да отпатува на „Енфилд Роуд“ за да ги помине медицинските прегледи. Сепак, такви прегледи не се закажани.

 

 

Можете да прочитате

Манчестер Јунајтед има најголема вредност во светот на фудбалот

Јокиќ третпат во кариерата е МВП во НБА

Милер: Ова ми се случи во 2017 година кога Роналдо ни даде два гола од офсајд