Утрински Весник
Спорт

Серџо Скариоло ќе биде нов тренер на Торонто Репторс?

Серџо Скариоло ќе биде нов тренер на Торонто Репторс?

Пред речиси месец и половина, Торонто Репторс го отпуштија тренерот Ник Нурс, со кој ја освоија шампионската титула во 2019 година. Тој оваа недела ја презеде Филаделфија, а неговиот до неодамна главен помошник Адријан Грифин го презеде Милвоки Бакс, додека Репторс допрва треба да најдат нов тренер.

dobivaj vesti na viber

Главен кандидат е долгогодишниот шпански тренер, Италијанецот Серџо Скариоло, а главна конкуренција му се главниот помошник на Сакраменто Кингс, Шпанецот Жорди Фернандез и канадската легенда и поранешен тренер на Бруклин Нетс, Стив Неш.

Скариоло е најпознат како човекот кој од 2009 до 2012 година и од 2015 година наваму, со репрезентацијата на Шпанија, освои осум медали на големите натпреварувања – четири европски злата и една бронза, олимписко сребро и бронза и титулата светски шампион од 2019 година.

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД