Утрински Весник
Магазин

Ал Пачино му се придружи на клубот стари татковци

Ал Пачино му се придружи на клубот стари татковци

Ал Пачино на 82 години ќе стане член на клубот стари татковци, пишуваат таблоидите, по веста дека неговата девојка Нор Алфала (29) е бремена осми месец.

dobivaj vesti na viber

Оскаровецот и младата продуцентка го очекуваат своето прво заедничко дете, потврди претставникот на актерот за „ТМЗ“.

Пачино и Алфала се во врска од април 2022 година. Тие беа видени минатиот месец во луксузниот ресторан „Балди“ во Лос Анџелес.

Главниот лик на Scarface („Лице со лузна“) е татко на три деца со две жени: близнаците Оливија Пачино и Антон Џејмс Пачино (22) од бракот со Беверли Ди Анџело и, Џули Пачино (33) од бракот со Џен Терант.

Веста за бременоста доаѓа истиот месец кога неговиот долгогодишниот колега Роберт де Ниро (79) го дочека седмото дете со девојката Тифани Чен. Токму затоа, и Пачино се најде на насловните страници со веста дека ќе стане татко.

Холивудските легенди глумеа заедно во неколку филмови, меѓу кои „Ирецот“ (2019), „Жештина“ (1995) и „Кум 2“ (1974).

Алфала претходно беше во романса со иконата на „Ролинг стоунс“ Мик Џегер и милијардерот Николас Бергруен.

„Разликата во години не е проблем за Алфала,“ изјави извор за „Пејџ сикс“ во април 2022 година, додавајќи дека кувајтско-американската продуцентка најчесто излегува со многу богати постари мажи.

„Таа е во друштво со богати луѓе од џет-сетот и доаѓа од семејство со пари“.

Алфала е родена во Беверли Хилс, ја посетувала школата за театар, филм и телевизија UCLA, а подоцна продолжува со кариерата како продуцент.

Можете да прочитате

Пет тајни за подобро здравје, подолг живот и младешки изглед

Култното дуо Мекартни-Ленон се обнови: Синовите на славните Битлси објавија песна

НАСА повикана да се вклучи во потрага по чудовиштето од Лох Нес