Утрински Весник
Свет

Блинкен ја повика Турција веднаш да го потврди приемот на Шведска во НАТО

Блинкен: Путин ја почна оваа нелегална војна и има моќ да ја прекине

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја повика Турција веднаш да го потврди приемот на Шведска во НАТО.

dobivaj vesti na viber

Блинкен рече дека оваа нордиска земја веќе презела значајни чекори за решавање на барањата со кои официјална Анкара го условува членството на Шведска во Северноатлантската алијанса.

Американскиот државен секретар ги отфрли тврдењата дека администрацијата на Бајден се согласила да и продаде борбени авиони Ф-16 на Турција во замена за Турција да го прифати членството на Шведска во НАТО, иако, како што вели, Конгресот на САД бил за таков договор.

Зборувајќи на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон во северниот шведски град Лулео, Блинкен рече дека Вашингтон ќе продолжи да работи на завршување на процесот на пристапување на Шведска во Алијансата до самитот на НАТО во средината на јули.

„Веруваме дека дојде време за прием на Шведска и нема причина да не се оди напред во тој процес. Турција изрази легитимна загриженост, но јас сум среќен што процесот ќе биде завршен во наредните недели“ рече Блинкен.

Можете да прочитате

Германската министерка за надворешни работи и Нетанјаху се скараа поради фотографии од пазарите во Газа

Блинкен: Америка е посветена на безбедноста на Израел, но не беше вклучена во нападот врз Иран

Најмалку 29 повредени кога траект од Капри удри во пристаништето во Неапол