Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Сензација на дебитантите на ЕП: Грузија ја победи Португалија и се пласираше во осминафиналето

20240626230521 Big 730x400 88.webp.webp
Img 7972

Грузија направи вистински подвиг со освојувањето на првата победа на големиот турнир и обезбедувањето место во осминафиналето на ЕП 2024.

Грузијците ја победија Португалија со 2:0 и завршија на третото место во групата Е со 4 бода, но продолжуваат како еден од најдобрите тимови кои завршиле на трето место.

Головите на Хвича Кварацелија и Георгес Микутадзе од пенал им донесоа успех на Грузијците.

Грузија во осминафиналето ќе игра против Шпанија. Натпреварот е во Келн на 30 јуни.

Португалија остана на првото место во групата во конечниот поредок и ќе игра со Словенија.

Турција, пак, се пласираше во осминафиналето на Европското фудбалско првенство и покрај тоа што мораше многу да страда за победата од 2:1 против Чешка. Тимот на Винченцо Монтела имаше среќа да одигра повеќе од 70 минути со играч повеќе, откако чешкиот играч за врска Антонин Барак беше исклучен поради втор жолт картон во 20. минута.

Во 51. минута, Хакан Чалханоглу им донесе водство на Турците, но во 66. израмни Томаш Соучек. До крајот Чесите притискаа и со човек помалку, а во 82. минута беше поништен гол на Јан Кухта. На крајот, резервистот Ченк Тосун и донесе успех на својот тим со гол во 94. минута.

Португалија и Турција собраа 6 бода, но Португалците се на чело на групата поради победата во директниот натпревар. Грузија е трета со 4 бода и се пласираше во осминафиналето, а Чешка е елиминирана од конкуренцијата со 1 бод. 

Можете да прочитате

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026