Утрински Весник
Македонија

Презентација на истражување за медиумската писменост кај учениците во прва и втора година

Fb Img 1716193649149

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ќе го одржи вториот јавен состанок на кој ќе го презентира истражувањето за медиумската писменост кај учениците во прва и втора година средно образование.

Воведни обраќања ќе имаат директорот на АВМУ Зоран Трајчевски и Дејан Докузовски од Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, а истражувањето ќе го презентира Софија Ристова од Агенцијата Рејтинг.

На состанокот, како што е најавено, директорот Трајчевски ќе зборува за спроведените активности согласно годишната програма за работа на АВМУ.

Можете да прочитате

Ќе следи ли ново менување на личните документи поради промената на државниот грб?

Стипендии за учество на летни школи по чешки јазик

ЛДП: Рисот како консензуално решение за новиот државен грб