Утрински Весник
Македонија

Седумесечно бебе од Вевчани починало по хирушка интервенција на хематом на главата

Bebe 4.jpg

На 14.05.2024 година во 01.04 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид, по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое, претходниот ден околу 16 часот, било донесено во болницата од неговата мајка. Бебето, според пријавеното било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење, веднаш била извршена операција. Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани. По насока на Јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција. Се преземаат мерки за расветлување на настанот.

Можете да прочитате

Во 2025 година пречистени само 20,6 отсто од отпадните води

Алиу: Реализираме стратешки капитални проекти во здравството

Денешниот ден сончев, утрешниот повторно ни носи врнежи и грмежи