Утрински Весник
Економија

Се зголемуваат цените на горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54% во однос на одлуката од 15.5.2023 година.

dobivaj vesti na viber

Од 23.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95; 78,50 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС – 98; 80,50 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 39,433 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,182%, кај дизелот за 1,847%, кај екстра лесното масло за 1,231% и кај мазутот зголемувањето е за 0,571%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,072%

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да зборува за економија, затоа што ја доведе државата на раб на банкрот

Со годишна просечна плата во Скопје можат да се купат 4,5 квадратни метри стан

Кузеска: 700 милиони евра нов долг, дилетантот Мицкоски ја турка државата во финансиска бездна