Утрински Весник
Магазин

Џеј Ло се потруди да изгледа шик на училишна претстава на ќерката на Бен

Џеј Ло се потруди да изгледа шик на училишна претстава на ќерката на Бен

Џенифер Лопез го придружуваше својот сопруг Бен Афлек на училишната претстава на поќерката Серафин во Лос Анџелес во саботата навечер, но не комуницираше со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер.

dobivaj vesti na viber

Латино дивата (53), родена во Бронкс, успеа во намерата сите погледи да бидат вперени во неа, облечена во макси фустан во црвена боја и длабок шлиц, соодветна чанта и лакирани чевли на платформа.

Ѕвездата и продуцентка на новиот филм „Мајка“ беше забележана како разговара со втората поќерка Вајолет, која се надвисна над неа и покрај тоа што носи рамни патики.

На настапот присуствуваше и поранешната сопруга на Афлек, Џенифер Гарнер, мајка на Серафин и Вајолет, но нејзиниот изглед беше дефинитивно полежерен и ненаметлив, коментираат таблоидите.

Ѕвездата на Alias (51) на себе има фармерки, патики, маица и едноставна црна јакна за големото вечер на својата ќерка.

Комуникацијата со поранешната сопруга на Бен не ѝ оди баш најдобро, но се чини дека прилично е зближена со децата од неговиот прв брак.

Можете да прочитате

Принцот Хари наскоро патува во Британија, а овојпат со него би можела да биде и Меган

Синот на Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс тргна по стапките на славните родители

Пет здравствени придобивки од редовното консумирање тиквички