Утрински Весник
Економија

Се зголемува цената на дизелот, бензините остануваат непроменети

Се зголемува цената на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87% во однос на одлуката од 31.8.2023 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат во просек намалување кај бензините за 0,323%, кај дизелот зголемување за 4,575%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 4,647% и кај мазутот зголемувањето е за 3,754%.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,489 ден/кг и сега ќе изнесува 45,031 ден/кг.

Од 4.8.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 85,50 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС – 98 87,50 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 78,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,031 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат во просек намалување кај бензините за 0,323%, кај дизелот зголемување за 4,575%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 4,647% и кај мазутот зголемувањето е за 3,754%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,486%.

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“