Утрински Весник
Свет

Се запали траект на Филипините, повеќе од 80 патници се спасени

Се запали траект на Филипините, повеќе од 80 патници се спасени

Крајбрежната стража спасила повеќе од 80 патници и членови на екипажот од траект што се запали на Филипините додека се приближуваше кон пристаниште јужно од главниот град Манила, јавува АП.

dobivaj vesti na viber

Само двајца патници се уште се водат како исчезнати.

Фериботот, со вкупно 87 патници и членови на екипажот, вчера патувал од Калапан Сити во провинцијата Ориентал Миндоро, а бил оддалечен повеќе од еден километар од пристаништето Батангас, кога на една од палубите се појавил чад и пламен, изјавиле спасените патници, пренесе АП.

Фериботот, може да превезе најмногу околу 400 патници, соопшти крајбрежната стража, додавајќи дека причината за пожарот се уште не е позната и дека истрагата е во тек, пренесе АП.

Можете да прочитате

Зеленски најави напади врз руските рафинерии. „Нема веќе ограничувања“

Самит на ЕУ: Скапата енергија ги притиска европските лидери, се бараат итни мерки пред зимата

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО ИСТАНБУЛ: Морето се спои со копното, автомобили потонаа под вода