Утрински Весник
Свет

Се запали танкер во Балтичко море – ова се првите слики од пожарот

Screenshot 2024 10 11 124814.jpg

Танкер за нафта и хемиски производи „Аника“ долг 73 метри се запали во Балтичкото Море, пренесува Билд.

Според медиумите, експлозијата се случила во 9 часот и 14 минути. После тоа, густи облаци чад се издигнаа над морето кај Варнемунд.

Екипажот бил евакуиран, а бродот превезувал неколку стотици тони тешка нафта.

Бродот за спасување на море „Вилма Сикорски“ ги спаси сите седум членови на екипажот нешто по 10 часот“, изјави портпаролот на Германското здружение за спасување на потонати бродови (DGzRS).

Германскиот брод моментално се наоѓа североисточно од Кулунгсборн во Балтичкото Море. Координативниот центар за поморско спасување управуван од Германското друштво за спасување на потонати бродови (DGzRS) започна обемни мерки.

Видеото погледнете го со клик ОВДЕ.

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик