Утрински Весник
Македонија

Се запали стан во Скопје, пожарот зафатил и соседни станови

Pozharna.jpg

На 05.03.2024 во 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Тале Христов“ во Скопје настанал пожар во стан сопственост на С.М.(35),

Пожарот, информираат од полицијата, се проширил и во станот на К.З.(49), а биле направени оштетувања и на неколку други станови.

Екипа на Бригадата за противпожарна Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.

Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

СДСМ: Арамијата нема излез, Фон дер Лајен му ги зеде лагите, сега разгорува тензија пред средбата

ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТ: Маж прегазен и оставен мртов, полицијата трага по возачот

Филипче му понудил на Битиќи да се врати за потпретседател на СДСМ – тој се уште размислува