Утрински Весник
Балкан

Се уште тресе во Грција: Пет земјотреси за 20 минути

Zemjotres Resize 800x420 390277.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Уште еден посилен земјотрес ја стресе Грција предмалку, петти по ред во 20 минути. Последниот земјотрес е со магнитуда од 4.2 степени по Рихтер, малку послаб од оној првиот со јачина од 5.3 степени по Рихтер.

Сите земјотреси се со ист епицентар, на 62 километри од Солун, а овој пат земјотресот беше на длабочина од 8.3 километри.

Останатите земјотреси беа нешто послаби со магнитуда од 2.7 и 2.3 степени по Рихтер.

Сите земјотреси беа почувствувани и во повеќе делови на Македонија каде значително се занишаа домовите на граѓаните.

Можете да прочитате

Турските власти уапсија 170 осомничени за врски со Исламска држава

Србија со најнизок мигрантски притисок од 2015 година

Хаос во албанскиот парламент – опозицијата запали бакљи поради обвинувања за корупција