Утрински Весник
Македонија

Се спрема нов закон за учебници, МОН со повик до јавноста да даде придонес во креирање квалитетно решение

МОН: Почнува постапката за изработка на учебници за трето одделение за учебната 2023-2024 година

Со цел подигнување на квалитетот на содржината на учебниците, како и подобрување на процесот на откуп и одобрување учебници во основното и средното образование, Министерството за образование и наука и Педагошката служба иницираат процес за изработка на нов закон за учебници за основното и средното образование.

dobivaj vesti na viber

Почитувајќи ги принципите на транспарентност и инклузивно креирање политики и законски решенија, МОН и Педагошката служба упатуваат повик до сите заинтересирани да го разгледаат постојното законско решение објавено на следниот линк, кое е основа за изработка на нов закон и да дадат свои сугестии и предлози на електронската адреса [email protected], најдоцна до 28.2.2023 година.

Секој конструктивен предлог ќе биде предмет на дискусија од страна на посебна работна група формирана за оваа намена по што, откога ќе биде креирана нацрт-верзија на новото законско решение, ќе биде проследена до Владата, а потоа и до Собранието на финална дебата и конечно усвојување.

Потребата од ново законско решение во интерес на образовниот систем и квалитетот на воспитно-образовниот процес во државата е очигледна. Неопходно е поставување повеќе дополнителни филтри за контрола при изработка и одобрување на содржината на учебниците, но и изнаоѓањето начин за поттикнување што поголема конкуренција да учествува на јавните повици за одобрување учебници.

Можете да прочитате

Поддршка од европратеничката Ана Миранда за Васил Стерјовски

Екс претседателот Ѓорге Иванов стана Почесен доктор на науки на Универзитетот во Текирдаг

СДСМ: Димитриевски треба да одговори за големиот скандал, а враќањето членови од ЗНАМ во СДСМ веќе започна