Утрински Весник
Спорт

Борусија Дортмунд ќе успее да го задржи Мукоко

Борусија Дортмунд ќе успее да го задржи Мукоко

Талентираниот германски напаѓач Јусуфа Мукоко ќе остане во Борусија Дортмунд. Неговите агенти конечно најдоа заеднички јазик за нов договор со клубот.

dobivaj vesti na viber

Според германските медиуми, Мукоко ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона, а треба да потпише петгодишен договор.

За потписот на Мукоко беа заинтересирани и Барселона и Ливерпул, а развојот на настаните го чекаше и Баерн Минхен.

На крајот, тој сепак ќе стави потпис за обновување на соработката со актуелниот клуб.

Можете да прочитате

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата