Утрински Весник
Македонија

Се расчистува убиството во Тетово

No .webp.webp

Во врска со настанот во кој на 05.07.2024 во Тетово, едно лице кое било со возило „мерцедес” пукало кон возило „бмв” во кое било лицето со иницијали Р.Т.(39), кое од добиените повреди починало, ве известуваме дека од страна на МВР – Биро за јавна безбедност се преземени дополнителни мерки за пронаоѓање на лицето за кое постојат основи на сомневање дека е потенцијалниот сторител.

По издадени наредби од страна на Основен суд Тетово извршени се претреси на три локации во село Гајре, од каде се одземени предмети кои може да бидат корисни за расчистување на настанот, а во Полициска станица Тетово едно лице е задржано на информативен разговор. Целокупните дејствија се преземаат во координација со надлежното Јавно обвинителство, а во целиот случај од првиот момент се вклучени и полициски службеници од Одделот за крим полиција при БЈБ.

Можете да прочитате

РЕК Битола работи со еден блок

РЕК Битола работи со еден блок

УЈП : РЕГИСТРИРАЈТЕ ГО ГОТОВИНСКИОТ ПРОМЕТ ПРЕКУ ФИСКАЛЕН СИСТЕМ НА ОПРЕМА (ФИСКАЛНИ КАСИ)