Утрински Весник
Спорт

Се продава Ливерпул

Се продава Ливерпул

Фудбалскиот клуб Ливерпул наскоро може да добие нови сопственици, објави „Фенвеј спортс груп (ФСГ)“, која моментално управува со клубот. ФСГ на овој начин ги потврди медиумските шпекулации.

dobivaj vesti na viber

„Сакаме транспарентност кога станува збор за сопственоста на ФСГ врз Ливерпул. ФСГ неодамна доби интерес од трети лица да станат акционери во Ливерпул. ФСГ и претходно изјави дека ќе дозволи влез на нови акционери во клубот, но само под соодветни услови и само доколку тоа е во најдобар интерес на Ливерпул. ФСГ останува целосно посветена на успехот на Ливерпул на и надвор од теренот.“

Тоа не значи дека ФСГ е подготвен целосно да го напушти клубот, но со задоволство би прифатил нови инвеститори. Може да доаѓаат и од Соединетите Американски Држави или од арапскиот свет кои неодамна испратиле понуди.

Ливерпул би можел да ја промени и својата трансфер политика, бидејќи актуелните газди моментално трошат само онолку колку што ќе заработат, што значи дека во целост го почитуваат финансискиот фер-плеј на УЕФА.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија