Утрински Весник
Македонија

Се огласи Дритон Кучи: Се враќам со првиот лет

8mbir 4.png

Македонскиот амбасадор во Норвешка – Дритон Кучи, кој е поранешен министер за економија се огласи на социјалните мрежи по информациите дека е еден од осомничените за трагедијата во Кочани и дека во текот на денот се приведени повеќе лица.

Денес семејството ме информираше дека претставници на Министерството за внатрешни работи биле во мојот дом во Скопје, барајќи информативна средба. Немам што да кријам и секогаш сум одлучувал да постапувам со чесност и смиреност, дури и кога околностите биле тешки. Секогаш сум избирал да одам по прав пат, дури и кога тој бил најтежок. Зборував кога другите молчеа, и стоев исправен дури и кога се чувствував сам. Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје – не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат напред. Тука сум. Со мирна совест, чист пред себе, со непоколеблива волја – пред Бога и пред законите на државата!“, напиша Кучи на ФБ.


Можете да прочитате

„Екоцид, корупција и криминал“ – жесток статус на Миноски за состојбата во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокризија кај СДСМ, наутро сеат страв, навечер се журкаат во парк

Изет Меџити не знае за одговорност, знае само за личен интерес, велат од ДУИ