Утрински Весник
Скопје

Се одложува концертот „Нешто што ќе остане”

Whatsapp Image 2024 09 11 At 11.56.00 2d928e57.jpg

Поради временските услови Општина Центар ја известува јавноста дека концертот „Нешто што ќе остане” кој беше закажан за 14 септември во Паркот на Франкофонија ќе биде одложен. Станува збор за концерт кој се одржува под ведро небо и на кој треба да настапат Влатко Лозаноски, Пајак, Лара, Таско, FIC & D’INVISIBLES и Сашко Коцев како водител на концертот. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека граѓаните ќе бидат известени за новиот датум на одржување кој зависи од стабилизирање на временските прилики.

„Сакам да ги известам сите граѓани кои планираа да бидат наши гости дека концертот кој требаше да се одржи оваа сабота ќе биде одложен. Ќе мора да почекаме стабилизација на времето и подобри временски услови за повторно закажување на концертот. Нашата цел е сите да се забавуваме и уживаме во домашната македонска музика”, порачува Герасимовски.

Општина Центар концертот „Нешто што ќе остане” го одржува втора година по ред со цел да ја афирмира домашната музика и домашните автори но и да ги подигне културните вредности во општината. 

Можете да прочитате

Герасимовски: Учениците бараат почист воздух, неопходна е стратегија од сите општини и градската власт

КХС синоќа подигнала 60 кубни метри отпад

Арсовска на оглас бара стручњаци кои ќе ги реализираат активностите за Скопје 2028 – европска престолнина на културата