Утрински Весник
Скопје

Авионска дезинсекција против возрасни комарци утре на скопската територија

Komarci.webp.webp

Следната фаза од третманот против возрасни комарци ќе се реализира утре и задутре, со авионска дезинсекција, доколку временските услови бидат поволни. Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со соодветни услови, за што јавноста ќе биде навремено информирана, соопштија од Град Скопје.

Од Град Скопје информираат дека во текот на изминатите месеци биле реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарците. Дезинсекцијата против ларви била спроведена со авионски третмани на 7 мај, 11 јуни и 10 јули, како и со теренски третмани на 26 јуни и 23 јули.

Во рамки на мерките против возрасни комарци, биле извршени авионски дезинсекции на 1 и 2 јуни, како и на 27 и 28 јуни, додека теренски третмани биле реализирани на 18 и 20 јуни, како и на 13 и 15 јули.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост