Утрински Весник
Македонија

Се готви ли коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ откако интегративците обезбедија „Бадентер“ за Законот за локална самоуправа

Mickoski Ahmeti.jpg

Измените на законот за локална самоуправа денеска беа изгласани од пратениците во Собранието, но интересно е што поддршката на овој закон предложен од ВМРО-ДПМНЕ ја даде опозициската ДУИ. За законот гласаа 83 пратеници и 24 од помалите етнички заедници при што на владината коалиција и требаше т.н голем „Бадентер“ којшто ѝ го обезбеди ДУИ.

Демократската унија за интеграција се чини дека со гласањето на овие измени и се додворува на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи секојдневните напади и критики се однесуваат кон нивниот коалициски партнер ВЛЕН/ВРЕДИ за кои денеска премиерот Христијан Мицкоски рече дека ако сакаат може и да ја напуштат владината коалиција.

Ако „Вреди“ планира да ја напушти Владината коалиција тогаш нека им е со среќа, рече денеска премиерот Мицкоски прашан за коментар на синоќешната изјава на Халил Снопче, пратнеик од Вреди кој рече дека ако помине Законот за бранителите тогаш за Вреди нема да има место во Владата.

„Нека им е со среќа“, одговори кратко премиерот Мицкоски.

На седницата пак пратеникот Блерим Беџети и поранешен градоначалник на Сарај истакна дека ДУИ повторно ќе гласа за закон на власта само заради како што рече да не ги ставале граѓаните во трошок за нови избори.

Со овие измени се овозможува поставување на нови градоначалници во случај кога актуелните се именувани на други функции, но опозицсиките партии инсистираа во овие измени да се внесат и оние кои би овозможиле реизбор и отповикување на градоначалникот преку референдум. Сепак на власта и се брзаше и беа предложени промени само за да се избегне одржување на предвремени избори и да се обезбеди континуитет во управувањето на општините.

Проблемот настана кога некои градоначалници добија повисоки функции во извршната власт, а тоа се Тимчо Муцунски, Арбен Таравари и Блерим Беџети. Членот 4 предвидува привремено решение за спроведување постапка за избор на нов градоначалник, кое ќе важи до одржување на редовните избори за членовите на советите на општините и Советот на Град Скопје. Ова решение ќе важи и за избор на градоначалник на општина и на Град Скопје, откако законот ќе стапи на сила.

Извор: Рацин.мк

Можете да прочитате

Царинa заплени 36 килограми марихуана и голема количина лекови

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на СВР Тетово       

Николоски: До 2026 година ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан