Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Време е за глас за Европа во Собранието

СДСМ: Време е за глас за Европа во Собранието

Во клучен период за иднината на државата, време е за глас за Европа во македонското собрание, велат од СДСМ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски, како и за сите суштински и стратешки прашања, велат од СДСМ, прибегнува кон својата вообичаена практика за бегање од одговорност, немање став и пласирање лажни вести.

„Не е време за нови бесмислени измислици што немаат никаква врска со реалноста, туку момент на вистината за Мицкоски, јавно да каже кој е неговиот став за иднината на државата.

Христијан Мицкоски да не бега и конечно да одговори дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица, во нивниот антиевропски, проруски деструктивен блок“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Европска ноќ на истражувачите: Македонското еколошко друштво – дел од европската прослава на науката

Oд мај до август констатирани 10.411 прекршоци, 604 моторџии возеле без возачка, одземени 423 мотоцикли и тротинети

Божиновска ги отфрли обвинувањата на СДСМ за „Руднап“ и набавката на броила: Побара докази или извинување