Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Време е за глас за Европа во Собранието

СДСМ: Време е за глас за Европа во Собранието

Во клучен период за иднината на државата, време е за глас за Европа во македонското собрание, велат од СДСМ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски, како и за сите суштински и стратешки прашања, велат од СДСМ, прибегнува кон својата вообичаена практика за бегање од одговорност, немање став и пласирање лажни вести.

„Не е време за нови бесмислени измислици што немаат никаква врска со реалноста, туку момент на вистината за Мицкоски, јавно да каже кој е неговиот став за иднината на државата.

Христијан Мицкоски да не бега и конечно да одговори дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица, во нивниот антиевропски, проруски деструктивен блок“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Намалена затворската казна на Марјан од “Доказ М”, дел за уцените ќе се суди одново

Ќе одговара ли и битолчанец за претепувањето на Пендиков, новопечениот Бугарин му открил детали на обвинителот

(Видео) Излезе од затвор Алими кој ги даде клучевите да се отворат портите од Собранието на „крвавиот четврток“, го пречека Зијадин Села