Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го бранат криминалот на урбаната мафија во Чаир

Sdsm.jpeg

“Ако на некого сѐ уште не му беше јасна природата на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН вчерашната седница на Советот на Град Скопје го покажа тоа во целост: тоа е коалиција на бизнис интереси и бранење на криминал.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ самите ја свикаа седницата, самите како точка на дневен ред предложија да се дискутира за дивоградбите во Скопје, но, кога сфатија дека на дневен ред ќе дојдат и скандалите во Чаир, панично ја повлекоа точката – бегајќи од вистината што ги демне.


Ваквото однесување е jaсна потврда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се ставени во заштита на урбаната мафија која го загрозува Скопје и безбедноста на неговите граѓани.

Колку пари вреди молкот на советниците пред незаконското градење?

Што крие Мицкоски, и кого штити Панче Тошковски кога молчи за ова?

Скопје е заложник на урбана мафија која ја штити коалицијата на Мицкоски.

Оваа коалиција ги продава јавните ресурси, ги загрозува урбанистичките стандарди и ги става животите на граѓаните во опасност.

Колку пари се доволни за да се задоволат апетитите на Мицкоски, Ганиу и Меџити и да се престане со ставање на животите на граѓаните во опасност?

Бараме итна реакција на сите надлежни институции и целосно расчистување на скандалот со 150 дивоградби.

Одговорност мора да има.

Животите на скопјани се поважни од профитите на коалицијата на власт”, велат од СДСМ.

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје – неколку лица пренесени во болница

„Опстојувањето е пркос, не преживување!“ Шестата парада на гордоста

„Страшен е животот што го живееме сега, протестираме и за вашите деца“ потресно сведоштво на татко од Кочани