Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги деблокира законите за енергетика и за помош во време на криза

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги деблокира законите за енергетика и за помош во време на криза

Во период на светска економска и енергетска криза нема време за собирање ситни политички поени, туку е потребна посветеност и работа од сите општествени и политички чинители. Затоа е потребно ВМРО-ДПМНЕ да покаже конструктивност и да почне со работа во интерес на граѓаните, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Партијата предводена од Христијан Мицкоски во Собранието треба да ги одблокира законите што ги кочи со месеци, а се во интерес на граѓаните и полесно пребродување на енергетската криза.

Во соодветните комисии и на пленарните седници треба да бидат одблокирани Законот за задолжување во Европската банка за обнова и развој од 100 милиони евра, кој што обезбедува ликвидни средства по исклучително поволна каматна стапка за работењето на ЕСМ во услови на криза.

Потоа Законот за енергетика и неговите соодветни измени и Законот за нафта и нафтени резерви, како и за спроведување на одлуката за распределба на финансиски средства, односно кратење на финансиски средства во деловите на Буџетот коишто се со помал процент на исполнетост и нивна прераспределба кон ставки коишто се однесуваат на справување со енергетската криза.

Справувањето со последиците од кризата бара заедничка работа и посветеност, еве можност ВМРО-ДПМНЕ да покаже конструктивност и да стане дел од процесот на решенија за надминување на последиците од кризата“ додаваат од владејачката партија.

Можете да прочитате

Од 16 пожари на отворено во последното деноноќие изгаснати се 13, два се активни и еден е под контрола

СВР Скопје расчисти кривични дела „убиство” и „убиство во обид”, кои се случија месецов, поднесени пријави против три лица

Министерот Љутков: Илинденските денови во Битола се огледало на мултикултурната разновидност