
Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:
Тимчо Муцунски, не само што нема да добие извинување од СДСМ, туку во следните денови ќе се соочи со целата вистина за неговото работење.
Муцунски е меѓу оние кои се во центарот на тендерската мрежа за која СДСМ има преку 50 случаи со докази и документи, за тоа како се испумпувале пари од локалните буџети.
Наместо да се сили преку соопштенија и да бара извинување за нешто што е реалност и објавено на сите сајтови за јавни набавки, нека се подготвува за одговорност за скандали со вмрежување на неколку компании со партијата и создавање на партиско-бизнис соју. Дали на криминален начин се вршело главното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период?
СДСМ располага со сите докази за лица кои се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и со компаниите кои земале милионски тендери. Шемата е страотна и ќе биде целосно презентирана во јавноста.
Денес Муцунски треба да одговори: Зошто ја продолжува праксата од општина Аеродром и во МНР? Во Аеродром и доделил на Пирамид Солушнс 4 милиони евра во проекти, сега во МНР продолжува со прв договор за настрешница од пола милион евра. Колку од овие пари се зацршени во ВМРО-ДПМНЕ?
Дали го оживува криминалниот проект Скопје 2014 преку кој ВМРО-ДПМНЕ украде преку 750 милиони евра за стиропор и лажен барок? Дали продолжува кражбата на народни пари преку овој проекто кој беше оквалификуван како грабеж на векот од европските медиуми?
Времето на Муцунски му отчукува, време е да одговара за своите бизнис шеми на штета на граѓаните.