Утрински Весник
Македонија

Возач на мопед тешко повреден по сообраќајка во Струмичко

Motor soobrakajka.jpg

На 14.09.2026 во 10:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на локален пат с.Штука – с.Турново, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „томос” без регистарски ознаки, управуван од М.Д.(65) од с.Штука и патничко возило „фиат пунто” со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(29) од с.Штука.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот М.Д. и бил пренесен во Општа болница Струмица, каде што во 13:00 часот починал. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Струмица.


Можете да прочитате

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

Филипче: Интерпелацијата за Трајко Славески ќе биде поднесена деновиве

Кос: Северна Македонија демонстрира посветеност на реформите, наша цел останува отворање на првиот кластер штом се исполнат условите