Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Нова водоводна и фекална мрежа за 200 жители на Маџир Маало

Whatsapp image 2026 09 09 at 10.13.02.jpeg

Општина Центар изведува градежни активности за поставување на нова водоводна и фекална мрежа на улиците „Анте Хаџи Митков” и „Кеј 13 Ноември” во Маџир Маало. Со овој зафат се прошируваат капацитетите на  водоснабдувањето и одведувањето на фекалните води. Вкупната должина на новите цевководи изнесува 127 метри.

Станува збор за целосно нова инфраструктура која ќе овозможи поефикасно и постабилно водоснабдување на околу 200 жители на населбата, како и подобро одведување на отпадните води.


„Ја подобруваме инфраструктурата во интерес на граѓаните. Со овој проект жителите на Маџир Маало добиваат современо и сигурно водоснабдување и трајно решение за одведување на фекалните води”, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Општина Центар продолжува со инвестициите во комуналната инфраструктура, со цел сите жители да имаат подобри и поквалитетни услови за живеење.

Можете да прочитате

ЗНАМ: Како ветувањето на Герасимовски за бесплатни оброци за сите ученици се промени во субвенциониран оброк од едвај 1.000 денари

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар, Знам и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста