Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Што ќе правите кога ќе ги промовирате сите проекти на СДСМ, патот Фариш-Дреново беше 90% направен

Sdsm.jpeg

Соопштение на СДСМ:

СДСМ со задоволство го одбележува завршувањето на експресниот пат низ Фаришката клисура – капитален инфраструктурен проект кој беше над 90% реализиран во времето на владата предводена од СДСМ.


Овој патен правец, долг 10,2 километри и вреден над 33 милиони евра, е еден од најсложените проекти на оваа траса, со изградба на два тунели, 21 мост, вијадукт, галерија и други клучни конструкции – сите завршени со над 90% во мандатот на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ, по цела година власт, се слика на отворање на пат за кој само санираа едно свлечиште, поставија сигнализација и неколку огради. Толку.

Но, најважно од сè – граѓаните од Прилеп, Битола, Ресен и целиот Пелагониски регион конечно добиваат современ и безбеден патен правец, важен за транспортот, економијата и секојдневниот живот.

СДСМ, како одговорна партија, инвестираше сериозно во патната инфраструктура: експресниот пат Градско – Дреново, реконструкцијата на Плетвар, патот Прилеп – езерото, автопатот Прилеп – Битола како дел од Коридорот 10д. Тоа се реални резултати од нашата посветена политика за подобра инфраструктура и подобар животен стандард за сите.

Им изразуваме благодарност на сите инженери, проектанти и градежни работници кои несебично работеа на овој проект.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден свој проект, промовира само проекти на СДСМ.

Прашањето е што ќе прави кога ќе ги промовира сите проекти на СДСМ?

Можете да прочитате

Неидентификувано тело без делови од телото во Зрновци, клучна обдукцијата

Пронајдена почината жена во двор во Куманово

Маглешов: Едно Обвинителство има две различни теории за ист случај, потребна е навремена ревизија