Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Шест дена шпицниот градоначалник Мицкоски молчи

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11 милиони денари

Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски веќе шест дена молчи и не одговара за неговата улога во тендерот вреден 136 милиони евра,соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Јавноста целата измината недела слушаше меѓусебни обвинувања за незаконско постапување меѓу градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и сега поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински, инаку поранешен шеф на кабинетот на Христијан Мицкоски.

Откако блиски соработници на Мицкоски се фатени живи со рацете во медот, односно во тендерот од 136 милиони евра, инаку наменет за пречистителна станица за Скопје, шпицниот градоначалник Мицкоски се крие и не одговара за својата улога во тендерот.

Добро е што надлежните институции почнаа да го истражуваат сомнителниот тендер од 136 милиони евра и треба овој случај да се истражи до крај, а за секој за кој ќе се докаже вина, да следува и одговорност“, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт