Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Одговорност за случајот Онкологија ќе има за сите инволвирани

(Видео) „Убијци за профит“ – народ се собра пред Владата по скандалот со кражба на лекови на Онкологија, се бараат оставки

За сите инволвирани во случајот на клиниката за онкологија, во целиот период наназад ќе има одговорност, никој нема да биде заштитен и никој нема да биде поштеден, независно од политичката или етничка припадност,  велат од СДСМ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Институциите работат со цел расчистување на овој грозен случај и одговорност за сите вмешани.

МВР и обвинителството преземаат истражни дејствија, коишто се спроведуваат на најпрофесионален начин за да ги идентификуваат лицата што се огрешиле пред законот и пред етичките и моралните принципи.

После 20 години, гласини, за прв пат МВР и Обвинителството влегоа на онкологија и направија акција за прибирање на обемен доказен материјал во врска со јавно изнесени обвиненија и сомнежи од страна на граѓани, медиуми, пациенти.

Потребна е професионална и брза истрага за целосно расчистување на случајот и откривање на сите одговорни, во целиот временски период, години наназад.

Политизација и злоупотреба на случајот за ситни дневни политички поени е недозволива“, велат од СДСМ.

Можете да прочитате

Одрон и на патот Скопје – Велес: Сообраќајот кај првиот тунел се одвива по една лента

СДСМ: Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристовска, независната кандидатка за јавен обвинител

Утрово забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци