Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане 

Sdsm.webp.webp

Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. 

Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада.

Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем. 

Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример  дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.

Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.

Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане.

Центар за комуникации, СДСМ

Можете да прочитате

Родителите во паника, пожарникарите влегле преку тераса во Струмица, девојчето го нашле во длабок сон

Година и половина од трагедијата во „Пулс“ – родителите стравуваат од пуштање на сопственикот од притвор

Средба Мицкоски-Селф во Вашингтон: Разговори за зајакнување на партнерството со САД