Утрински Весник
Скопје

СДСМ: Неспособноста на ДПМНЕ го остави пола Скопје без парно

448314775 789015946702594 802391780845283120 N.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

На првите минусни температури, неспособното ДПМНЕ и реководството на ЕСМ за снабдување со топлинска енергија го оставија половина Скопје без парно.


Центар, Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Капиштец, но и други населени места се без греење.

Парно греење нема ниту во дел од училиштата и градинките, родителите во повеќе општини добиле повик да дојдат да си ги земат децата, бидејки немаат парно греење.

Скопјани, децата, пензионерите мрзнат поради неспособноста на ДПМНЕ.

Децата и изнемоштените луѓе, во 21 век се оставени на милост и немилост на несподобните директорчиња од ДПМНЕ и министерката за енергетика, блиска до Мицкоски.

Во исто време неспособноста на ДПМНЕ го загрозува и снабдувањето со струја на цела Македонија.

Двата системи се проектирани да функционираат на начин што ќе ја поделат обврската во затоплување – дел со парно а доминатен дел со струја.

Сега кога граѓаните се оставени со саати без парно се принудени да бараат алтернатива, да вклучуваат греење на струја, да се згрејат на овие минусни температури.

Аматерски од владата е што дозволи ова да се случи и што не го санира дефектот брзо, со што го загрозува снабудвањето и со струја и со парно.

Целосна одговорност за хаосот во енергетскиот сектор е кај минстерката за енергетика, Сања Божиновска која нема капацитет да менаџира со овој важен сегмент.

Ги повикуваме веднаш да формираат кризен штаб, брзо да се реагира и веднаш граѓаните да добијат греење. 

Во време на голема светска енергетска криза СДСМ не дозволи да има прекини, граѓаните имаа непречено и струја и парно греење!

Можете да прочитате

Нормализирана е испораката на топлинска енергија во Скопје

Дел од Нерези утре без вода

Без парно денеска повеќе делови од Скопје